НАССР е системски пристап за идентификација на опасностите и ризците  во постапките со продуктите,а кој овозможува јасни методи на одредување на  начинот на контрола на тие ризици. Односно поедноставно речено, НАССР е група на мерки кои се превземаат да би произвеле здрав производ (кој не содржи заразни супстанции) и кој  нема да предизвика штета,повреда или болест при негова припрема или консумација, во склад со неговата намена.

На основа на нацрт-план на вашиот објект изработуваме план кој опфака:

1.Анализа на опасностите иризиците
2.Одредување на критичните контролни точки (ССР)
3.Утврдување на критични граници
4.Воспоставување на систем за следење (мониторинг) на контрола на ССР
5.Утврдување на корективни мерки
6.Воспоставување на постапки за верификација
7.Утврдување и водење на документација

На тој начин Вие би можеле во било која ситуација да добиете увид за состојбата на инфестација во Вашиот објект.

Биолошки е невозможно да се истребат сите штетници, но наша цел е да ги сведеме на најниско можно ниво. Со НАССР системот му приоѓаме на проблемот систематски го одредуваме степенот на  инфестација кој ги диктира сите наши понатамошни мерки и активности.

Дератизација спроведуваме со поставување на затруени мамци во специјални пластични, обележани дератизациони кутии, кои се естетски прифатливи, функционални и оневозможуваат приод на нецелните животни (кучиња, мачки, птици).
Дезинсекција спроведуваме со поставување на УВ инсектицидни лампи, безконкурентни во својата ефикасност за летечките инсекти кои се пренесувачи на широк спектар на опасни микроорганизми присутни на нивните тела, плунка и излачевини. Инфестацијата со лазечки инсекти концентрирана на мало подрачје се третира со примена на феромонски мамци кои во мали дози делуваат долготрајно, локално и специфично.