ДТУ ЗОТОКС ДООЕЛ - служба за ДДД заштита е формирана 2002 год.во Скопје во сопственост на Г-дин Зоран Зафировски кој воедно е и директор на службата.

Службата работи во согласност со Законот за заштита на населението од заразни болести на Р.Македонија за што е овластена од Министерството за здравство на Р.М. со решение бр. 2451/1.

Исто така поседува и дополнителни сертификати за работа по НАССР системот за квалитет,кој го спроведуваме во повеке фирми и за кој имаме добиено високи оцени. Во процедура е и постапката за извршување сертификација на Интегриран Систем за Управување со Квалитет, околна средина, здрави и безопасни услови при работа спрема стандардите на ISO 9001:2000; OHSAS 18001:2002 и др.  

Службата располага со стручен кадар од различни профили: доктор по медицина, медицински техничари, ветеринарни техничари, хемичари и други стручни соработници кои се спремни во секое време да одговорат на вашите барања од оваа област.

Водејќи сметка за околината  користиме препарати кои во светот се третирани како еколошки прифатливи, биоразградиви и безопасни за топлокрвните суштества.

Нашето работно искуство е богато во широк спектар на дејности (производство, трговија, складирање во различни индустриски гранки) каде сме се соочиле со многу различни проблеми  и истите успешно сме ги решиле.