Фумигација

Фумигација е постапка за уништување на инсекти(дезинсекција) со гасови односно отрови од прва група.

Терминот фумигант означува хемиски состав кој под одредени услови (температура и притисок) може да се одржува во гасовита состојба во доволно висока концентрација за да предизвика уништување на одредени живи организми. Фумигантите дејствуват во гасовита состојба, молекуларна и по тоа се разликуваат од аеросолите кои се применуваат во облик на ситни течни капки или цврсти честички популарнонаречени магла или дим.

Предности на фумигацијата:

  1. Фумигантите се многу токсични за сите видови живи организми
  2. Фумигацијата е најбрз начин на уништување на штетниците.
  3. Фумигантите можат да се применат на места каде остантите пестициди не можат  да се применат.
  4. Многучесто фумигацијата може да се примени без да се праместува итранспортира самиот материјал со што се постгнува економичност во припремата.
  5. Намалена е опасноста од штетните остатоци (резидуа) во материјалот.
  6. Често е единствена мерка за радикално сузбивање на веќе постоечката зараза.
  7. Со фумигација се постигнува сузбивање на инсекти резистентни на други пестициди.

Недостатоци:  

  1. Фумигантите се отровни и опасни за околината.
  2. Потребни се посебни мерки на внимание и посебна заштитна опрема.
  3. Потрбна е многу работа за херметизација на просторот.
  4. Фумигација може да извршува само овластено,стручно лице .
  5. Непосредно по проветрување на мтеријалот може да биде нападнат од наметници кои доаѓаат од страна.

Деконтаминација на АЗБЕСТ

Азбестот  како материјал е со исклучително добри својства (високо резистентен на температура и хемикалии и одличен електроизолатор) кои го прават практичен и распространет насекаде околу нас.За жал истите тие својства го прават исто толку штетен за живиот организам (кога се најде во човековото ткиво невозможно е да биде разграден со телесните течности).
Причинител е на Карцином на белите дробови, Мезотелиом и азбестоза-хронична прогресивна опструктивна болест на белите дробови (сите со фатален исход). Нашата служба располага со стручна екипа и професионална опрема (ИВБ 7Х-машини со специјални Х-филтри) за деконтаминација на азбест.Во соработка со GENERALE smba Таранто-Италија имаме искуство во деконтаминација на повеке објекти.

Дезинфекција

Е основен процес со кој се намалува вируленцијата, се отстрануваат или целосно уништуваат патогените микроорганизми-причинители на заразни болести, присутни на телото, во водата, на храната, предметите или во просторот.

За таа цел користиме  дезинфициенси (хемиски соединенија или средства) со висок квалитет, безопасни по здравјето на луѓето и животните.

Методите за дезинфекција се прскање, оросување или аеросоли, во зависност од местото кое треба да се третира.

Дезинфекцијата е од огромно значење за  превенција на ширењето на заразните заболувања.

Дезинсекција

Дезинсекција е поим кои претставува збир на мерки и постапки со кои ја уништуваме и контролираме популацијата на штетни инсекти. Таа е дел од ентомологијата т.е. наука која се занимава со проучување на бубачките инсектите. Во зависност од местото на причинувањето на штетата можеме да разликуваме намалување на инсектите во земјоделството, шумарството, магацините, домаќинствата, ветерината, хигиената и медицината.
Во зоолошката систематизација инсектите припаѓаат на чланконошци, една од најголемите групи во животинскиот свет.

Дератизација

Целта на задолжителната дераратизација е да со современи постапки и примена на ратициди популацијата на глувци се сведе на ниво на подносливост, на ниво кога глодарите нема да претставуваат поголема опасност за здравјето на граѓаните, со тоа што се намалува значително економската штета која ја прават глодарите.

Дератизацијата на затворени простори се спроведува со поставување на отровни мамци (антикоагулантна родентицид на кој не е развиена резистенција) и дератизациски кутии кои се посебно означени, и го спречуваат расипувањето и растурањето, а исто така и онемозможуваат на домашните животни да дојдат до мамецот.

Дератизацијата на отворените простори се спроведува со поставување на отровни мамци и прашоци во одредени дупки и канали низ кои се движат глодарите.