На почеток > Услуги
Нашите услуги
Општи мерки за превенција и контрола на заразни болести се спроведуваат во објекти кои подлежат на санитарна контрола, односно во: згради, постројки, простории. На уреди и опрема на лица кои вршат стопанска дејност и во дејности од областа на здравството, образованието, социјалната заштита, угостителството, туризам, занаетчиство и услуги, спорт и рекреација. Во објекти за јавно водоснабдување и отстранување на отпадни води и депонии за отстранување на комунален отпад, во областа на јавниот транспорт, во и околу станбени згради, на јавни површини и јавни згради во градовите и населените места и други објекти од јавно здравствено и комунално значење.