Веб сајтот е се уште во изработка. Некои линкови можно е да не работат. Посетете не повторно или побарајте не на нашите контакт телефонски броеви.

За нас

На почеток > За нас

За нас

Зотокс е една од првите компании на македонскиот пазар која повеќе од 20 години работи и е лидер во трговијата и услугите за дезинфекција, дезинсекција, дератизација и фумигација. Зотокс е фамилијарен бизнис основан од страна на Зоран Зафировски во 2002, кој се уште стои на чело на компанијата. Од самото основање па се до денес, нудиме професионална, навремена и беспрекорна услуга во полето на нашето работење, се со цел да го понудиме најдоброто за вашиот бизнис.

Зотокс обезбедува брз, директен и законски усогласен опсег (согласно Законот за заштита на населението од заразни болести на Р. Македонија), на услуги за да помогне во заштита на вашиот бизнис од заразни бактерии, вируси и болести. Нашиот асортиман на услуги ги вклучува сите потребни елементи за да ви понудиме современа и професионална дезинфекција, дезинсекција, дератизација и фумигација. Да ви помогнеме во одржувањето високо ниво на хигиена, а во исто време се грижиме за заштита на животната средина и се стремиме кон користење на еколошки, биоразградливи и безопасни препарати во нашето работење.

Во Зотокс, тим на високо обучени, квалификувани специјалисти, кои постојано го надградуваат своето знање преку континуирани обуки, стојат на располагање за решавање и одржување на сите проблеми со штетниците. Нашиот тим вклучува стручни лица од различни профили: лекар специјалист по епидемиологија, земјоделски инженер, хемиски техничари, медицински лабораториски техничари и други профили. Истите се обучени и сертифицирани за дејноста и се опремени со потребната опрема за лична заштита и специјализирана опрема за дезинфекција за да работат безбедно и ефикасно.

Долгогодишна доверба кај нашите клиенти е двигател на нашиот бизнис, кон што постојано се стремиме, и истиот го постигнуваме преку професионален, а сепак пријателски и отворен однос со нашите клиенти и со нашиот тим. Постојано развиваме нови стратегии за да бидеме посилен партнер во здравјето и добросостојбата на вашите вработени и на надворешните клиенти. Без разлика на областа или објектот, Зотокс темелно ќе ги отстрани штетниците, ќе ги елиминира мирисите и ќе го намали ризикот од болести за заштита на вашето здравје.

Одберете го најдоброто за вашиот бизнис!

Останати услуги

Ви треба помош?

Ние знаеме како да ви помогнеме. Нашиот тим од експерти, има одговор на вашите прашања.

Придружете се денес на илјадниците задоволни клиенти!

Пријавете се за да добивате новости и промоции!

Ние ќе се погрижиме за штетниците, вие мислете на вашиот бизнис!

Контактирајте нé

Бул. 3-та Македонска Бригада 48

info@zotoks.com.mk

+389 70 204 454

+389 75 204 454

© 2023 - 2024 Сите права задржани.