Веб сајтот е се уште во изработка. Некои линкови можно е да не работат. Посетете не повторно или побарајте не на нашите контакт телефонски броеви.

Фумигација

На почеток > Фумигација

Што е фумигација?

Фумигација е постапка за уништување на штетници (инсекти и глодари) со гасови, односно отрови од прва група. Терминот фумигант, означува хемиски состав кој под одредени услови (температура и притисок), може да се одржува во гасовита состојба во доволно висока концентрација, за да предизвика уништување на одредени живи организми. Самиот гас може да пенетрира во места каде што течните инсектициди не можат и истиот брзо ветрее при што не остава остатоци од отровот. Претставува идеална метода за сузбивање на штетници при зрнеста роба складирана во силоси/магацини.
Предности на фумигацијата:
1. Фумигантите се многу токсични за сите видови живи организми.
2. Фумигацијата е најбрз начин на уништување на штетниците.
3. Фумигантите можат да се применат на места, каде остантите пестициди не можат да се применат.
4. Многу често фумигацијата може да се примени без да се праместува и транспортира самиот материјал со што се постигнува економичност во припремата.
5. Намалена е опасноста од штетните остатоци (резидуа) во материјалот.
6. Често е единствена мерка за радикално сузбивање на веќе постоечката зараза.
7. Со фумигација се постигнува сузбивање на инсекти резистентни на други пестициди.
Недостатоци:
1. Фумигантите се отровни и опасни за околината.
2. Потребни се посебни мерки на внимание и посебна заштитна опрема.
3. Потребно е херметизација на просторот.
4. Фумигација може да извршува само овластено, стручно лице.
5. Непосредно по проветрување на мтеријалот може да биде нападнат од наметници кои доаѓаат од страна.
Останати услуги

Ви треба помош?

Ние знаеме како да ви помогнеме. Нашиот тим од експерти, има одговор на вашите прашања.

Придружете се денес на илјадниците задоволни клиенти!

Пријавете се за да добивате новости и промоции!

Ние ќе се погрижиме за штетниците, вие мислете на вашиот бизнис!

Контактирајте нé

Бул. 3-та Македонска Бригада 48

info@zotoks.com.mk

+389 70 204 454

+389 75 204 454

© 2023 - 2024 Сите права задржани.