Дезинфекција е основен процес со кој се намалува вируленцијата. Се отстрануваат или целосно уништуваат патогените микроорганизми-причинители на заразни болести, присутни на телото, во водата, на храната, предметите или во просторот.
За таа цел користиме дезинфициенси (хемиски соединенија или средства) со висок квалитет, безопасни по здравјето на луѓето и животните.
Методите за дезинфекција се прскање, оросување или аеросоли, во зависност од местото кое треба да се третира.
Дезинфекцијата е од огромно значење за превенција на ширењето на заразните заболувања.