Фумигација е постапка за уништување на штетници (инсекти и глодари) со гасови, односно отрови од прва група. Терминот фумигант, означува хемиски состав кој под одредени услови (температура и притисок), може да се одржува во гасовита состојба во доволно висока концентрација, за да предизвика уништување на одредени живи организми. Самиот гас може да пенетрира во места каде што течните инсектициди не можат и истиот брзо ветрее при што не остава остатоци од отровот. Претставува идеална метода за сузбивање на штетници при зрнеста роба складирана во силоси/магацини. Предности на фумигацијата:
1. Фумигантите се многу токсични за сите видови живи организми.
2. Фумигацијата е најбрз начин на уништување на штетниците.
3. Фумигантите можат да се применат на места, каде остантите пестициди не можат да се применат.
4. Многу често фумигацијата може да се примени без да се праместува и транспортира самиот материјал со што се постигнува економичност во припремата.
5. Намалена е опасноста од штетните остатоци (резидуа) во материјалот.
6. Често е единствена мерка за радикално сузбивање на веќе постоечката зараза.
7. Со фумигација се постигнува сузбивање на инсекти резистентни на други пестициди. Недостатоци:
1. Фумигантите се отровни и опасни за околината.
2. Потребни се посебни мерки на внимание и посебна заштитна опрема.
3. Потребно е херметизација на просторот.
4. Фумигација може да извршува само овластено, стручно лице.
5. Непосредно по проветрување на мтеријалот може да биде нападнат од наметници кои доаѓаат од страна.